октомври 14, 2026

Втора среда во акција за чисто Скопје!

По иницијатива на Град Скопје, продолжуваме и оваа среда со акцијата за чистење на околината, во која нашите волонтери од ЦКРСМ – ОО Чаир, СУГС „Зеф Љуш Марку“ и СУГС „Цветан Димов“ повторно со посветеност се грижат за своето маало и за просторот во кој секојдневно живееме.

Веруваме дека промените започнуваат од нас самите, од нашите улици, паркови и места каде секојдневно поминуваме време. Со секоја акција даваме мал, но значаен придонес кон почиста, поуредена и поздрава животна средина.

🏡 Затоа што ова е нашето маало, нашиот град и нашата заедничка одговорност – сакаме да остане чисто, уредно и беспрекорно!

< врати се назад