октомври 1, 2026

Почнуваме од нашето маало за почисто Скопје!

Вчера, на 30.09.2026, беше реализирана првата екоакција за чистење на градот Скопје, во која се вклучија и волонтерите и вработените од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир.

Нашите екипи беа на терен на три локации на територијата на Општина Чаир:

📍 околу СУГС „Зеф Љуш Марку“
📍 околу СУГС „Цветан Димов“
📍 околу Општина Чаир и Парк Чаир

Во акцијата се вклучија младите волонтери од училиштата, волонтерите на ООЦК Чаир и вработените, кои заеднички придонесоа за почиста и поуредна околина. Но, ваквите акции не се само за собирање отпад. Тие се можност да покажеме дека промената започнува од нас. 🌿

💚 Чист град не е само убав град – туку град во кој сите сакаме да живееме. Една акција можеби нема да го промени целиот град, но многу луѓе со иста цел можат да направат разлика.

< врати се назад