ноември 2, 2026

Мојот придонес е важен – затоа што менталното здравје е важно!

На 30.10.2026 година, по повод одбележувањето на 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје, во Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир беше реализирана работилница насочена кон унапредување на менталното здравје и добросостојбата на вработените.

Работилницата на тема „Мојот придонес е важен“ беше спроведена од страна на Јана Зенговска, психолог и психотерапевт. Преку интерактивни вежби, отворен разговор и размена на искуства, учесниците имаа можност да се запознаат со значењето на менталното здравје и психосоцијалната добросостојба, како и нивната важност за вработените и волонтерите во Црвениот крст.

Свесни сме дека грижата за другите започнува и со грижата за себе. Затоа, создавањето здрава, поддржувачка и позитивна работна средина е важен дел од нашата заедничка мисија.

Упатуваме искрена благодарност до Јана Зенговска за нејзината професионалност, посветеност и споделеното знаење, како и за создавањето пријатна атмосфера во која секој учесник имаше можност да размисли за сопствената добросостојба и личниот придонес.

< врати се назад