
Есенски бои, креативност и меѓугенерациско дружење!
На 14.10.2026 година, волонтерите на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир, заедно со корисниците на Центарот за дневен престој за стари лица за активно стареење – Чаир, реализираа креативна работилница исполнета со насмевки, дружење и есенска инспирација. ![]()


Преку изработка на креативни дела со есенски мотиви, тие имаа можност да ја изразат својата креативност, да споделат искуства и животни приказни и да создадат убави спомени. Работилницата беше уште една прекрасна можност за поврзување на генерациите, потсетувајќи нè дека дружењето, меѓусебното разбирање и споделените моменти се вредни во секоја животна доба.
Секое изработено дело носи дел од вложената љубов, креативност и спомени што ќе останат во срцата на сите. ![]()



































