ноември 3, 2026

489 пакети хуманост – заедно создаваме разлика!

По повод одбележувањето на Неделата за борба против гладта (16–22 октомври), Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир, во соработка со основните училишта на територијата на Чаир, Бутел, Чучер Сандево и Шуто Оризари, реализираше кампања за собирање прехранбени продукти под мотото „Помислете и на нас“.

Во кампањата учествуваа следните основни училишта: ООУ „Живко Брајковски“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Имри Елези“, ООУ „Лириа“, ООУ „Панајот Гиновски“, ООУ „Ацо Шопов“, ООУ „Александар Урдаревски“, ООУ „Адем Јашари“, ООУ „Јашар Беј Шкупи“, ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, ООУ „Исмаил Ќемали“, ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Тефејјуз“, ООУ „Визбегово“ и ООУ „Хасан Приштина“, а сите пакети кои ги собраа беа наменети за децата од семејства во социјален ризик од самите училишта.

Покрај основните училишта, во кампањата активно се вклучија и припадниците на МВР – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, кои донираа прехранбени производи наменети за поддршка на социјално загрозените семејства евидентирани во базата на податоци на Општинската организација на Црвениот крст – Чаир.

Благодарение на заедничкиот ангажман и хуманоста на сите учесници, беа изготвени вкупно 489 пакети со прехранбени продукти.

Упатуваме голема благодарност до припадниците на МВР – САЕ „Тигар“, сите училишта, учениците, наставниците и родителите кои се вклучија во кампањата и придонесоа оваа хумана иницијатива да биде успешна.

Да продолжиме да споделуваме, да помагаме и да бидеме хумани!

< врати се назад