
ноември 14, 2024
Врсничка едукација за борба против болести на зависности
По повод одбележување на месецот за борба против болести на зависности ( ноември ) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација – Чаир реализираше врсничка едукација во OОУ „ Адем Јашари “ на темата „Превенција на болести од зависности”, на која присуствуваа 33 ученици.

Ваквите едукации се реализираaт со цел да се зголеми свеста кај младата популација за последиците од болестите на зависности.
