февруари 19, 2026

Valentine’s day blood drive

❤️ На 13.02.2026 година, во ЦКРСМ-ОО Чаир беше успешно реализирана крводарителска акција по повод Денот на вљубените, организирана од Клубот на млади при ОО во соработка со ДПД „Бајрам Мифтари“.

🩸 Акцијата помина во прекрасна и позитивна атмосфера, исполнета со солидарност и грижа за другите. Голем број волонтери, соработници и поддржувачи ја посетија акцијата и ја дадоа својата поддршка, а 25 хумани дарители даруваа крв и на тој начин го подарија највредниот подарок што може да се даде – подарок што значи живот.

Денот на вљубените доби поинаква, подлабока смисла – љубов кон животот, љубов што се покажува преку хумани дела. Кога срцата се големи, љубовта станува надеж за секој 💞

< врати се назад