декември 6, 2016

Светски ден на волонтерството-5-ти декември

Светскиот ден на волонтерството е ден кој го прославуваат над 17 милони волонтери од целиот свет во рамките на движењето.

Волонтерството е доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка кое има за цел намалување на ранливиста на населението, во согласност со принципите на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Црвениот крст на Република Македонија како и секоја година, го одбележа 5­ти декември, Светскиот ден на волонтерство. Свечениот настан се одржа во просториите на Музеј на град Скопје.

На свечениот настан, свое обраќање имаше претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, Др. Милчо Трајков кој во свое име и и во името на Црвениот крст на Република Македонија им го честита Светскиот ден на волонтерството на сите волонтери.

На настанот Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, врачи благодарници за волонтерски достигнувања и поебни заслуги во остварувањето на целите и задачите на Црвениот крст на Република Македонија на пет волонтери меѓу кои беше и волонтерот од Општинската организација Чаир Едим Халим.

< врати се назад