март 11, 2015
Секоја насмевка е мотив повеќе за посреќен ден
Младите од ОО по повод одбележувањето на Неделата на борба против ракот во соработка со Дневниот центар за стари лица при ОО беа во посета на болните од малигни заболувања во Герентолошкиот завод 13-ти Ноември.За време на средбата младите се дружеа со пациентите им подарија сокови а од преставниците од дневниот центар добија мартинки што многу ги израдува и беа видно позитивно расположени,што ни беше премногу мило бидејќи на нивното лице потикнавме насмевки и им го разубавивме денот Посетата многу ги израдува пациентите и поради тоа со претпоставените се договорија и уште неколку заеднички активности кои во иднина ќе се реализираат.