јуни 1, 2010
Реализација на идејата на Клубот на жени
Во рамките на одбележувањето на ,,Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвен крст Чаир реализираше голема хуманитарна акција за собирање помош наменета за градот Корча, Р.Албанија. Идејата за реализирање на оваа акција потекна од Клубот на жени на Црвен крст Чаир.
Собраните средства на хепенингот кој се реализираше претходно, беа употребени за купување на музички систем и ДВД. Благодарение на донаторите кои ја подржаа и помогнаа оваа акција беше обезбеден и телевизор ,спортска опрема , голем број на книги ,игри за забава, ЦД со македонски народни приказни од продукцијата на Колозови ,обувки ,облека и др. Целта беше да им се обезбеди на младите од општината Пустец катче каде ќе го поминуваат своето слободно време и ќе се рекреираат.