Работилница по Прва Помош
На 4-ти март во соработка со Здружение за образование и култура „Мост’’ се одржа работилница за обука на 25 млади на возраст од 7-14 за укажување на прва помош.Работилницата се реализираше во просторите на здружението „Мост’’ а истата ја реализираа младите од Општинската организација Чаир.
На обуката присутните учесници поминаа обука за : Реанимација (оживување), имобилизација на скршеница, санирање на длабоки посекотини, крварење од нос, пригмечени нозе, опекотини, задушување, воедно интерактивно учествуваа во демонстрирањето на повредите се со цел да научат како навистина се санираат овие типови на повреди.
Ваквиот начин на подигање на свеста на луѓето а особено на младите е од голема важност и токлму поради тоа ние како организација постојано организираме вакви обуки се со цел да се подигне свеста за укажување на Прва помош кај што поголем дел на населението.