октомври 3, 2016
Прво место на 25-от Државен натпревар по прва помош
Прво место на 25-от Државен натпревар по прва помош
На 17.09.2016 год Црвен крст на Р.Македонија го организира 25-от Државен натпревар по прва помош во Кавадарци.
На натпреварот учество земаа 28 Општински организаци од територијата на Р.Македонија меѓу кои и Општинската организација Чаир.
Младите кои зема учество во натпревар претходно се подготвуваа два месеци,преку усовршување на вештините за укажување на прва помош,симулација на реалистичко прикажување на повреди во случај на незгоди или елементарни непогоди.
Подготовките беа макотрпни, но вложениот труд небеше залуден,младите од Клубот на млади го освоива првото и тоа по втор пат во изминатите пет години.