
февруари 26, 2026
Првата помош спасува живот!
Денес беше спроведено едукативно предавање на тема прва помош во ООУ „Панајот Гиновски“, каде учениците имаа можност да се запознаат со основните начини за укажување помош во итни ситуации.

Покрај теоретскиот дел, беа одржани и практични демонстрации, при што се прикажаа начини на кои може правилно и навремено да се пружи прва помош во различни ситуации – повреди, губење на свест, крварење и други итни состојби.












































