февруари 20, 2026

Првата помош спасува живот

Навремената подготовка и знаење можат да направат огромна разлика во клучните моменти. Токму затоа, ЦКРСМ – ОО Чаир реализираше едукативно предавање на тема прва помош во ООУ „Конгреси и Манастирит“ на 19.02.2026 година.

На предавањето беа опфатени 33 ученици, кои имаа можност да се запознаат со основите на пружање прва помош и правилно реагирање во итни ситуации ⛑️

Преку практични примери беа прикажани начини на санирање на неколку видови повреди, со цел учениците да стекнат основни знаења и вештини кои можат да спасат живот 🩹

Едукацијата е првиот чекор кон безбедна и подготвена заедница 📚

< врати се назад