ноември 6, 2018

Прва помош

Врз основа на меморандумот за соработка потпишан помеѓу Црвениот Крст на Република Македонија и Министерство за образование и наука  и заедничката годишна програма на активности, Црвениот Крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир на 06.11.2018 организираше обука по прва помош во просториите на ОУ “Климент Охридски”.

Обуката беше одржана од страна на двајца демонстратори по прва помош со цел да се споделат знаења  и вештини за правилно пружење на прва помош со наставниот кадар на ОУ “Климент Охридски”  во случај на несреќа во просториите на училиштето.

< врати се назад