декември 3, 2018
Промовирање на добровоно дарување на крв
Црвениот Крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир во соработка со средните училишта во територија на општина Чаир во текот на месец ноември организира крводарителски акции во СУГС Зеф Луш Марку на 20.11.2018 каде беа мотивирани младите за дарување крв и вкупниот број на дарувања изнесува 23 крвни единици и во СУГС Арсени Јовков на 21.11.2018 со 26 добиени крвни единици.
Црвениот Крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир организира ваков тип на активности со цел да се зголеми свеста за важноста на доброволно дарување крв и да ја мотивира младата популација за доброволно дарување крв.