
февруари 26, 2026
Продолжуваме со одбележување на Неделата за борба против срцевосадови заболувања

Денес во ООУ „Живко Брајковски“ беше спроведена едукација за наставниот кадар на оваа тема, при што присутните се запознаа со:
🔹 најчестите ризик-фактори за појава на срцевосадови заболувања (покачен крвен притисок, покачени масти во крвта, пушење, физичка неактивност и неправилна исхрана)
🔹 раните симптоми и знаци на срцев и мозочен удар
🔹 начини за превенција и унапредување на здрави животни навики
🔹 значењето на редовните превентивни прегледи и контроли
🔹 основни постапки за правилна реакција при итни состојби.
Со ваквите активности продолжуваме да ја подигнуваме свеста и да придонесуваме кон создавање поздрава и поинформирана заедница. 💪












































