Превенција од болести на зависности
Превенција од болести на зависности
Во текот на месец ноември-месец на борба против зависностите, младите од Општинската организација Чаир го одбележа одрживајќи 13 работилници и една трибина во рамките на проектот Превенција од болести на зависности.Со работилниците се опфатија вкупно 388 слушатели , а истите се реализираа на македонски, албански и ромски јазик.
Целта на проектот, Превенција од болести на зависности е да се влијаае на свеста на младите за болестите кои се јавуваат како последица од конзумирање цигари, алкохол, дрога и сл. Преку работилниците ги потикнавме младите да размислуват за последиците, да се самозаштитат а воедно доколку имаат интерес да се вклучат во ваквите или слични активности на Црвениот крст.
Активностите кои се превзема во рамките на проектот не само што допринесоа за подигање на свеста кај младите за Превенција од болести на зависности,допринесоа и да се мобилизираат млади волонтери кои во иднина ќе бидат дел од организацијата а воедно и потик и понатаму да се реализираат вакви едукации.