Превенција на борба против зависности
По повод на одбележување на месец против зависностите (ноември) Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Чаир реализираше едукативна работилница во основното училиште Гоце Делчев на темата превенција на болести од зависности.
Работилницата беше оддржана од двајца пиер едукатори обучени на темата превенција на болести на зависности од Црвен крст на Република Македонија општинска организација Чаир.На оваа презентација присуствува 30 ученици.
Ваквите едукации се реализират со цел да се зголеми свеста и иноформираноста кај младата популација за последиците од болестите на зависности на дрога, алкохол и цигари.
Со цел одбележување на месец против зависностите Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Чаир продолжува со ваков тип на едукации во сите средни и основни училишта на територијата на општина Чаир.