октомври 4, 2018
Превенција и борба против Трговија со луѓе
Клубот на млади на Црвен Крст на Република Македонја –Oпштинска организација Чаир во текот на месец септември реализираа 6 обуки на темата Превенција од трговија со луѓе.
Обуките ги реализира ПИР едукатори за Превенција трговија со луѓе кои претходно беа обучени 2 волонтери на македонски јазик и албенски јазик при што се опфатија 130 младинци,на кои им беше појаснето како и на кој начин да се заштитат за да не станат жртви т.е да бидат дел од ланецот за трговија со луѓе.
Овие обуки ги реализираме со цел да ја подигнеме свеста кај младите на темата Трговија со луѓе затоа што никој никогаш не е заштитен од овој проблем и секој може да стане жртва,доколку не е информиран доволно.