ноември 27, 2014

Помислете и на нас….

 ООЦК Чаир во рамките на одбележување на кампањата Денот на гладта, реализираше низа активности преку кои опслужи 144 социјално загрозени семејства.

Кампањата се реализираше во неколку фази: поставување на штанд во Старата скопска чаршија за промоција на кампањата, организирање на собирна акција во основните училишта во која учествуваа 14 основни училишта, собирна акција на парични средства од населението во која се собрани 16 000 денари.

Во училиштата се спроведе собирна акција во храна, облека и парични средства и на тој начин се опслужија 114 семејства со храна и облека, а од собраните парични средства се набавија 30 прехрамбени пакети од страна на ОО кој исто така беа поделени на социјално загрозени семејства.

< врати се назад