мај 22, 2018
Општински натпревар по прва помош
На 12.мај 2018г. Општинската организација Чаир го реализира 41. Општински натпревар по Прва помош на кој учество земаа екипи од 10 основни и 4 средни училишта . Во категоријата подмладок, како најуспешни се издвоива екипите: ОУ.Живко Брајковски – III место,ОУ.Васил Главонов – II место и ОУ.Рајко Жинзифов I – место. Во категорија млади, третото место и припадна на екипата од СУГС.Цветан Димов, второто место на СУГС.Арсени Јовков и првото на екипата од Клуб на млади. Целта на Обуките кои ги реализира општинската организација е да се обучат што поголем број на лица за правилно укажување на Прва помош,намалување на последиците од повреди и зачувување на човековиот живот. На сите учесници им честитаме за постигнатите резултати и им посакуваме успешен пласман на Градскиот и државниот натпревар по Прва помош.