јуни 2, 2016

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕЦАТА

 

 

На 31.05 Општинската организација Чаир во роработка со општина Чаир организираше настан по повод Светскиот ден на децата.Настанот се реализира во централниот парк на Општина Чаир на кој учество земаа градинките,школите, спортски клубови и танцови групи.

Настанот беше од хуманитарен карактер т.е се собираа средства за социјално загрозени семејства на кои им е потребна помош.На самиот настан сите учесници се преставија со свои точки,сликаа цртежи а волонтерите од Црвениот крст демонстрира Прва помош .

Ова е прва година на реализација на ваков тип на активност но ќе премине во традицонална се со цел да ја подигнеме свеста на населението за хуманоста,да ги афирмираме младите и да допринесеме за подобро детство на идните генерации.

 

< врати се назад