октомври 4, 2018

Одбележување на ЦКА-ПХВ Недела

На 27.09.2018 год се одбележа ЦКА – ПХВ неделата во свечената сала на средното училиште Зеф Љуш Марку со цел да се промовира овогодинешниот циклус.

Веќе седма година по ред се одбележува  Недела на промоција на хумани вредности,која секоја година на различен иновативен начини со цел да се потикнат младите на нова дневна рутина и нови начини за помагање на ранливите групи.Ова година целта беше да се промовира позитивни примери во општеството,кои направиле некој промена и кои треба мотивациски да ја споделат својата приказна.

На овој настан учество зема истакнати волонтери и лица од територијата на Општинската организација кои го пренесоа на присутните нивниот позитивни примери во општеството.

1.Вјоса Исмаили долгогодишен волонтер и член на Општинската организација Чаир-која истакна дека голем дел од своето време го поминала во активностите на Црвениот крст, стекнувајќи вештини, надоградувајќи се себеси а воедно пријатели кои ги има многу и насекаде низ светот. Сето она што го научила е непроценливо и прекрасно искуство кое многу и е од помош во нејзиниот живот.

2.Нуредин Мустафа Против,заменик командир на Противпожарната бригада Скопје, претседател на ДПД.Бајрам Мифтари,кој заедно со своите волонтери е партнер во голем број од активностите на Црвениот крст а како најзначајни ги истакна вежбите за евакуација кои заедно секоја година се реализираат во основните и средните училишта, како и крводарителските акции со што даде потик на младите да се вклучат во овие активности со цел заедно да допринесуваме за поголема свес кај населението за правилна заштита во случај на елементарни незгоди, како и доброволното дарување на крв,кои и во двата случаја се однесуваат во спасување на човековиот живот.

3.Ајше Беќировска и како Дефентолог на Средното училиште Зеф Љуш Марку, говореше во име на училиштето кое е едно од поистакнатите и кое во континуитет реализира активности во и надвор од училиштето со цел взаемно да им помогнеме на што поголем број на социјално загрозени лица.Воедно таа истакна дека од особена важност, но и приоритет е тоа тие заедно со Црвениот крст ги потикнуваат и мотивираат младите да бидат дел од организацијата, а воедно допринесуваат за потикнување на хуманоста и потикнувањето на свеста кај младите, да се изградат во квалитетни општествено одговорни поединци.

< врати се назад