јуни 9, 2015

Одбележан 8-ми Мај Светскиот дена на Црвениот крст и Црвената полумесечина

ОО органзација на Црвен крст-Чаир т.е Клубот на млади при ОО во рамките на активностите кој беа планирани за одбележување на светскиот ден на Црвениот крст согласно насоките на Црвен крст на Р.М.организира неколку активности со кои се одбележа воедно и 50 –год. од усвојувањето на основните принципи на Движењето под мотот НАШИТЕ ПРИНЦИПИ ВО АКЦИЈА

На 7-ми мај 2 волонтери присуствуваа на работилницата во организација на Црвен крст на Р.Македонија на која се промовираа принципите на движењето на креативен начин преку учество на волонтерите.

Клубот на млади на 8-ми организираше голема хуманитарна забава во ноќниот клуб Блок во ТЦ.Мавровка.На хуманитарната забава беа присутни околу 500 посетители а беше организирана за две семејства во тежок социјален ризик.Едното од тие две семејста е семејството Исмаили кој во пожар ја загуби својата куќа, а другот е Иванов самохрана мајка на 4 деца.Од хуманитарната забава се собраа 47 000 денари и на два еднакви прилози им се дадоа на семејствата за да задоволоат дел од потребите кои ги имаат.На забавата водителката од МРТВ Анита Љатифи истакна дека целта на оваа забава е да ги промовираме еднаквоста, хуманоста,непристрасноста, единството и дека сите ние можеме да помогнеме без разлика кој сме од кај сме,која националност или вера сме, сите ние сме луѓе кој треба да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.

< врати се назад