октомври 21, 2016

Обука по Прва помош за новите членови од ДПД.Бајрам Мифтари

Во рамките на меѓусебната соработка со ДПД.Бајрам Мифтари на 19-ти октомври во просторите на Општинската организација се одржа обука по Прва помош за новите членови во друштвото.
Целта на обуките е да се обучат што повеќе луѓе за укажување на Прва помош,што е од особена важност за организацијата но и за општата популација.
Општинската организација Чаир и ДПД.Бајрам Мифтари досега имат реализирано 7 заеднички симулативни вежби за евакуција на училишта и укажување на прва помош во случај на елементарна непогада, и токму поради типот на соработка која ја имаме меѓусебно се едуцираме и надоградува со цел што поуспешно да ги реализираме активностите во иднина но и да ги пренесуваме нашите знаења т.е да го едуцираме населението како да се самозаштити.
< врати се назад