декември 13, 2017
Недела за грижа на стари лица
Како и секоја година и оваа Општинската организација Чаир организира активности во рамките на Неделата за грижа на старите лица во руралните средини т.е селата, а оваа година активности се реализира во с.Љубанци.
Во рамките на активностите беа реализирани бесплатни здраствени прегледи, мерење на хипертензија и шеќер во крвта и со истите се опфатија 40 граѓани.
Целта на овие прегледи превентивно да делуваме на населението да одат редовно на прегледи но и да се откријат некои заболувања, бидејќи граѓаните од овие средини многу ретко посетуваат лекар.