декември 11, 2015
Недела за борба против трговија со луѓе
Недела за борба против трговија со луѓе
Во рамките на одбележувањето на Неделата за борба против Трговијата со луѓе од 02 до 09 декември младите од Општинската организација Чаир организираа три работилници со што се опфатија 115 ученици и професори.Работилниците се реализираа на македонски и албански.Преку нив младите се обидоа да им ги доближат фактите дека голем број луѓе во светот се жртви на трговија со луѓе и дека жртва може да биде било кој, но и начините како да се заштитат .Овие предавања потикнаа исклучителен интерес во училиштата и на нивна иницијатива ќе продолжат во наредниот период да се реализираат.