декември 2, 2016

Недела на стари лица

   

Недела на Стари лица

По повод ,,Недела на стари лица” Општинска организација црвен крст Чаир соработка со трето оделенците од

ОУ,,Панајот Гиновски” организираа креативна работилница на кој изработија цвеќиња,честитки,украси и др,Со цел да ги подарат на лицата од пензионерскиот дом Лика Чопова.

На 24.11.2016 трето оделенците заедно со волонтерите од Општинската Организација Чаир беа во посета на пензионерскиот дом Лика Чопова.

Тие им ги подарија сопствените изработки,а ние им подаривме мали подароци но од големи срца.Им посакавме убав ден и долг живот,а тие беа пресреќни поради нашата посети.

По повод Неделата на стари лица исто така на 25.11.2016 во општината Бутел од 9-11 часот беше организиран медицински преглед на граѓаните.односно се мереше крвен притисок и шеќер во крвта.Со оваа активност се опфатија 60 граѓани.

< врати се назад