декември 3, 2018
Недела на стари лица
По повод недела на стари лица Црвениот Крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир и ова година традиционално ја одбележа со поставување на штанд за мерење шеќер и крвен притисок во ОУ Климент Охридски на 23.11.2018 и во Дом за стари лица Лика Чопова на 26.11.2018.
Ова година во рамките на неделата за стари лица беа опфатени вкупно 35 стари лица со превентивни прегледи.
Ваквите активности се реализират со цел да се посвети внимание на лицата од трета доба и подигнување на свеста за превенција од кардиоваскуларни и шеќерни болести.