октомври 8, 2018

Недела на млади

На ден 05.10.2018 се одбележа Неделата на млади во Старата скопската чаршија каде што се промовира работата и успесите на клубот на млади при Општинска организација Чаир.

Клубот на малади при Општинска организација Чаир со цел јавно да ги презентира своите активности постави штанд во Старата скопска чаршија каде луѓето може да се информираат како и на кој начин дејствува Црвениот крст, активностите кои се реализираат во текот на годината.Со цел да се информираат поголем број на граѓани, младите делеа и информативен материјал, дава одговори на прашањата на посетителите и ги потикнуваа да бидат дел од организацијата.

< врати се назад