февруари 24, 2026

Недела на борба против срцевосадови заболувања

Оваа недела ја посветуваме на подигнување на свеста за срцевосадовите заболувања – водечка причина за смртност во светот. Тоа се заболувања на срцето и крвните садови, најчесто предизвикани од наталожување на масни наслаги во артериите. Тука спаѓаат срцевиот удар, мозочниот удар и други заболувања на срцето и крвните садови.

Најчести ризик фактори се: пушење, нездрава исхрана, физичка неактивност, зголемен крвен притисок и стрес. До 80% од предвремените случаи можат да се спречат со здрави животни навики и редовни контроли.

🚨 Препознај ги симптомите навреме!
Срцев удар: болка или притисок во градите, болка во рака, вилица или грб, отежнато дишење, ладна пот, мачнина.
Мозочен удар: ненадејна слабост на лице, рака или нога (особено од една страна), конфузија, отежнат говор, губење рамнотежа.

Во таа насока денес беше одржана едукација за срцевосадови заболувања ❤️

Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кучевиште денес беше успешно реализирана едукација за срцевосадови заболувања, наменета за наставниот кадар.

На предавањето присуствуваа вкупно 15 наставници, кои имаа можност да се запознаат со:
🔹 ризик факторите за појава на срцевосадови заболувања
🔹 начини за превенција и заштита
🔹 препознавање на рани симптоми
🔹 важноста од здрави животни навики

Срцевосадовите заболувања се водечка причина за смртност, но со навремена едукација и превенција можеме значително да го намалиме ризикот.

< врати се назад