октомври 29, 2018

Недела на борба против шеќерната болест

По повод одбележување на Недела за борба поротив шеќерната болест,Црвен крст на Република Македонија –  Општинска организација Чаир и оваа година традиционално ја одбележа Неделата против шеќерната болест организирајќи активности за мереше на шеќер во крвта и крвен притисок  во селото Љуботен . Општинската организација Чаир постави пункт во основното училиште,, Лиман Каба” каде доктор и двајца волонтери вршеа  мерење крвен притисок и шеќер во крвта а исто така еден  мобилен тим кој одеше од куќа во куќа за да се измери крвен притисок и шеќер во крвта кај старите изнемоштени лица кој што беа неподвижни.

Оваа година во рамките на одбележувањето на Недела за борба против шеќерната болес се реализираа т.е опфатија вкупно 50 лица со превентивни прегледи.

Оваа активност ја реализираме се со цел да се подигне свеста за превенција од  шеќерната болест и информирањето населението за опасностите кои произлегуваат од оваа болест.

< врати се назад