октомври 19, 2016

Недела на борба против шеќерната болест

Црвен крст на Р.Македонија – Општинска организација Чаир тредиционално ја одбележа Неделата на борба против шеќерната болест (дијабет) под мотото ДА ЈА ПОБЕДИМЕ ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ.
По тој повод со цел да дадеме наш придонес во превенцијата на шеќерната болест, се организираа превентивни здраствени прегледи.
На 14-ти во ОУ.Лиман Каба во с.Љуботен беше отворен пукт во периодот од 08:30 до 10:30, каде заедно со тимот и 2 медицински сестри од проектот Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови се реализираа прегледи за проверка на нивото на шеќерот во крвта и крвен притисок.
Со оваа активност се опфатија вкупно 34 лица од селото.
Исто така на 15-ти во општината Ш.Оризари Клубот на млади организираа превентивни прегледи, за мерење на шеќер во крвта и крвниот притисок со што се опфатија 17 лица од општината.
 
< врати се назад