декември 14, 2018

Недела на борба против ХИВ/СИДА

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир по повод недела на борба против ХИВ/СИДА реализираше едукативни работилници во средните училишта СУГС ,,Арсени Јовков’’ на датум 14.12.2018 и  СУГС ,,Цветан Димов’’на датум 12.12.2018 година.

На работилницити беа инволвирани  80  ученици кои се стекнаа со информации за превентивни мерки од ХИВ/Сида и на истите им беа поделени информативни флаери и презервативи.

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир реализира ваков тип на едукативни работилници со цел да се подигне свеста кај младите за ризичните однесувања, правилно користење на заштита и рушење на предрасудите за лицата кои живеат со ХИВ.

< врати се назад