Недела на борба против ХИВ/СИДА
Како и секоја година, и оваа Црвен крст се вклучи активно во оддбележување на Неделата на борба против ХИВ/СИДА која е од 1-7 декември со промоција, едукација и превенција.
Локалната Канцеларија на Црвен крст во Шуто Оризари во соработка со ООЦК Чаир и Клубот на млади на Црвен крст – Шуто Оризари, на 1.12.2016 година, во СУГС „Шаип Јусуф“ ја оддбележа Неделата на борба против ХИВ/СИДА со низа предвидени активности.
Имено, пред 45 младинци прво се оддржа квиз со поими кои асоцираат на вирусот ХИВ, а кој е причинител на Сидата. По квизот се оддржа презентација со детални информации за превенција од оваа смртоносна болест. На крај, волонтерите на Црвен крст влегоа во сите училници и на сите ученици во училиштето им беше поделен промотивен материјал – брошура, црвена панделка и кондом.
Со овие активности ја подигнавме свеста кај младата популација која е најкритична за превенција и рано откривање на инфекцијата.
Во рамките на одбележувањето на неделата се реализираа и две предавања на македонски и албански во ОУ.Панајот Гиновски со кои се опфатија 84 ученика од осмо и девето одделение.Оваа активност беше потикната од наставниците и волонтерите од училиштето со цел навремено да се инфрмира помладата попилација за ХИВ/СИДА-та, начинот на пренесување и превенцијата.