декември 15, 2016
Мотивирање на населението за доброволно дарување на крв
Со цел да се мотивира пошироката популација за доброволно дарување на крв на 3-ти декември младите и наставниците од ОУ.Ацо Шопов организираа крводарителска акција.
Во акцијата учество покрај вработените во училиштето зедоа и граѓаните од н.Радишани кои преку волонтерите од училиштето беа повикани да земат учество во акцијата.
Крводарителска акција беше прва активност од овој вид во училиштето но со право можеме да кажеме успешна со реализирани 37 крвни единици.
Оваа активност Општинската организација Чаир и ОУ.Ацо Шопов ќе ја организираат и наредната година т.е ќе премине во традиционална.