февруари 19, 2026

Mотиваторска работилница за доброволно дарување крв во СУГС „Зеф Љуш Марку“

На 05.02.2026 година во СУГС „Зеф Љуш Марку“ беше успешно спроведена мотиваторска работилница за доброволно дарување крв, реализирана од мотиваторите Емира Асани и Сара Јахиу. 🩸

Преку едукативна презентација, учениците имаа можност да се запознаат со значењето на доброволното дарување крв и неговата важност за спасување човечки животи. Се разговараше за хуманоста, солидарноста и подигнувањето на свеста кај младите.

Голема благодарност до училиштето за соработката и до учениците за покажаниот интерес и активното учество.

< врати се назад