февруари 19, 2026

Mотиваторска работилница за доброволно дарување крв наменета за студентите и вработените на Универзитетот „Мајка Тереза“.

🩸 На 03.02.2026г. успешно беше одржана мотиваторска работилница за доброволно дарување крв наменета за студентите и вработените на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Работилницата беше реализирана од мотиваторката Сара Таири, која преку инспиративно излагање ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и свесноста за значењето на доброволното крводарување.

Присутните имаа можност да дознаат повеќе за процесот на дарување крв, придобивките и влијанието што едно дарување може да го има врз нечиј живот.

< врати се назад