февруари 18, 2015
Младите на ОО на Црвен крст-Чаир во акција – започна ЦКА-ПХВ циклусот 2015 година
На 11.02.2015 год во ОО се одржаа две обуки на тема Дисеминација на младите кои оваа година ќе учествуват во ЦКА-ПХВ циклусот. Во овогодинешниот циклус се опфатени 69 млади,поделени во две групи 34 во македонската и 35 во албанската група.На 12.02 се одржа и вториот дел од обуката на македонската група, а на 26.02 ќе се одржи и втората обука за албанската група. Ова е почеток со кој младите од идеја,преку реализација и документирање на проекти, самите ќе ги изработат проектите и ќе помогнат на различни целни групи.