
февруари 25, 2026
Млади подготвени да бидат двигатели на позитивни промени
Во рамки на програмата Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА–ПХВ), на 23, 24 и 25 февруари успешно се реализираа трите работилници на албански јазик, предводени од дисеминаторот Емира Асани.

Преку интерактивни методи на работа, дискусии и тимски активности, учесниците имаа можност подлабоко да се запознаат со хуманите вредности, принципите на Црвениот крст и значењето на активното младинско учество во заедницата. ![]()

Со стекнатите знаења и силна мотивација, младите веќе се подготвени да ги преточат идеите во конкретни дела и да направат позитивна промена таму каде што е најпотребно.![]()
















































