февруари 19, 2026

Млади, мотивирани и подготвени за промени

Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности веќе 30 години успешно се имплементира во рамки на Црвен крст на Република Северна Македонија. ✨ Програмата претставува спој на едукација и хуманитарна акција – односно поврзување на теоријата со праксата.

Во рамки на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир, на 16.02, 17.02 и 18.02 успешно се реализираа трите обуки на македонски јазик, предводени од дисеминаторот Михаела Стојановска. 👩‍🏫

Преку интерактивна работа и инспиративен пристап, младите стекнаа знаења и мотивација да размислуваат во која насока ќе делуваат и на кое поле ќе го насочат својот хуман ангажман. 🙌

Нашите младинци се мотивирани, подготвени и сплотени, со целосна поддршка од секретарот и стручната служба на организацијата. Во наредниот период следуваат активности насочени кон помош таму каде што е најпотребно. ♥️

< врати се назад