октомври 21, 2016

Меѓународен ден за борба против трговија со луѓе

Трговијата со луѓе е сериозен и сложен меѓународен проблем, трет по големина криминален бизнис и преставува најтешка форма на кршење на основните човекови права.Милиони жени, млади и деца, но и мажи, секојдневно се жртви на трговијата со луѓе т.е се принудуваат на проституција, питачење, слугување по куќи и други видови на принуда.
Токму поради ова  треба да се посвети значителн внимание на овој општествен проблем,бидејќи и Македонија во последните години стана земја на потекло на жртвите на трговија.
Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на борба против трговија со луѓе Клубот на млади на 18-ти одржа работилница во СУГС.Шаип Јусуф во општина Шуто Оризари.
Целта на овој вид работилници е да се подигне свеста кај младата популација за превенција од трговија со луѓе.
На работилницата присуствуваа 34 ученика на возраст од 14 до 16 год.
< врати се назад