септември 28, 2015

Меѓугенерациска соработка низ мултикултурна поезија

 

На 25.09.2015 година, во рамките на дневниот центар за стари лица во Чаир се одржа поетско читање, со кое го заокруживме ПХВ циклусот за 2015 година.

Наша цел беше преку поезијата која ја интерпретираа помладите и повозрасните, да се испрати порака за разновидноста на културите и толеранцијата, меѓугенерациската соработка, взаемната доверба и разбирање, кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а воедно да им се оддаде благодарност до сите оние кои дадоа свој придонес за помош на целните групи.

Лицата од трето доба и младинците читаа стихови од македонска, албанска, ромска и бошњачка поезија. Се читаше поезија од познати поети, но и поезија која беше напишана специјално за овој настан од корисничка на Дневниот центар за стари лица.

На настанот присуствуваа корисници од двата дневни центри за стари лица при Црвен крст на град Скопје, вработени од стручната служба на Црвен Крст на град Скопје, ученици и наставници од основните училишта, како и волонтери од Општинската организација на Црвен крст-Чаир.

По настанот гостите имаа можност да дегустираат и дел од традиционалните јадења на различните етнички заедници.

< врати се назад