декември 13, 2017
Крводарителска акција во касарна Илинден
Независниот синдикат на одбраната и Општинската организација Чаир на 12.12.2017 во касарната Илинден организираа крводарителска акција со цел да се промовира крводарителството и да се подигне свеста за доброволно даривање на крв.
Крводарителската акција ја подржа независниот синдикат на одбраната и за секој крводарител обезбедија маица а трансфузологија и општинската организација дополнително обезбедија оброци и освежување.
На крводарителската акција учество земаа 147 војници од кои 128 даруваа крв.
На самата крводарителска присуствуваше и претседателот, како и секретарот на синдикатот кои дадоа подршка на актвиноста и истакнаа дека и во иднина взаемно ќе организираме заеднички активности.