ноември 8, 2018
Кампања по повод на Денот на гладта
Врз основа на кампањата на денот на гладта основното училиште” Живко Брајковски,, ја одбележа кампањата со пункт за собирање на прехрамбени продукти.Оваа кампања траеше 3 дена во училиштето каде што учениците направија 50 пакети со прехрамбени продукти.
Кампањата “Денот на гладта“ ја одбележавме така што сите 50 пакети со прехрамбени продукти заедно со Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Чаир и основното училиште “Живко Брајковски,, ги поделија во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.
Целта на кампањата е да се подигне свеста кај населението дека треба да им се помага на сите луѓе кои се во ризик особено на најмалите како најранлива категорија, со мотото “Помислете и на нас,,.