мај 22, 2018

Хуманитарен маратон

Во организација на Клубот на млади при СУГС.Цветан Димов, Општинската организација Чаир и Општината Чаир на 05.05.2018 организира хуманитарен маратон на кој учество земаа 300 натпреварувачи под мотото “Да трчаме за здравје„. Учесниците на маратонот трчаа кружна патека околу општината во должина на 2 км. а настанот беше збогатен со настап на познати музички изведувачи. 20 волонтери и две возила од Општинската организација Чаир го обезбедуваа маратонот со цел да се укаже Прва помош на учесниците доколку е потребно. На сите учесници им благодариме на учеството и на искажаната хуманост.
< врати се назад