септември 26, 2018

Државен натпревар по прва помош

На 22.09.2018 година се одржа 27-от Државен натпревар по прва помош на Црвен крст на Република Македонија под мотото ˮ Немаш уште еден живот. Научи прва помошˮ. на кој земаа учество 28 младински екипи.
Целта на оваа активност е да се подигне свеста на младите за правилно укажување на прва помош и да се обучат што поголем број на млади, што е една од приоритетните дејности на организацијата.

Според она што го покажаа младите за време на натпреварот како најдобри се издвоива: Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар- првото место, Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Куманово – второ место и Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир – трето место.

< врати се назад