Државен натпревар по Прва Помош
На 16.09.2017 година екипата од Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир зема учество го организираше 26-ти Државен натпревар по прва помош со мотото „ Несреќите во домовите“.
Натпреварот се одржа на територијата на Општина Гази Баба на повеќе локации во населба Автокоманда. На натпреварот учество зедоа 22 екипи од Општинските организаци: Куманово, Битола , Гази Баба, Пробиштип, Чаир, Кочани, Кичево, Гостивар, Велес, Охрид, Кисела Вода, Крушево, Струга, Неготино, Карпош, Радовиш, Валандово, Виница, Прилеп, Крива Паланка, Берово, Центар.
Пред натпреварот во контунуитет екипата се подготвуваше за натпреварот и следеа практични и теоретски вежби се со цел истата да настапи подготвено и да ооствари што подобар резутат. Екипата на Црвен крст на Р.Македонија – Општинска организација Чаир го освои второто мест што преставува голем успех за нив а воедно и за организацијата.