декември 25, 2018

Доброволно дарување на крв

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Чаир за прв пат воспостави соработка со Меѓународен Балкански Универзитет и за прв пат во просториите на универзитетот се реализираше крводарителска акција на 24.12.2018 иницирана од МБУ.

Со ова акција се мотивирани студентите на МБУ за доброволно дарување крв и се собрани 46 крвни единици.

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Чаир продолжува со организирање на ваков тип активности и воспоставување на соработка со што поголем број на соработници со цел заедно да  градиме општествено одговорна заедница.

< врати се назад